Протест во Тирана организиран од Илир Мета
Под мотото „Протестирај“ вечерва во Тирана беше одржан протест организиран од лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, што е прва ваква негова активност по завршувањето на мандатот како шеф на државата на 24 јули, јави дописничката на МИА од Тирана.
Во својот говор Мета рече дека поминале 559 дена од официјалното доставување пријава за „криминалната афера со инценераторите, но Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК останува и понатаму слепо“.
– Поминаа 559 дена од официјалната осуда на оваа криминална афера, а правдата и понатаму е слепа. Овде сите сме сведоци дека нема горење на отпад, што докажува дека сето тоа е измама. Овде сме да го впериме прстот кон ова место на криминал за да може правдата на СПАК да го тргне од очи шалот што му го ставија и да ги изведе преродбениците пред лицето на правдата, рече меѓу другото Мета, на протестот одржан пред инценераторот во Тирана.
Тој порача дека е „доста со режимско правосудство“.
– За шест години со Албанија состојбата во однос на борбата против корупцијата е влошена за 26 места. Рамаформа (иронија за реформите на владата на Рама) е правда фатена за гуша и диригирана правда која ги апси само сиромашните и добива директиви од конгресот на сината партија, замижувајќи на оваа афера со мафијата на чело со Рама. Рама оди си е надминато, Рама скрши ја главата, порача Мета.
Тој исто така обвини дека е „кристално јасно дека има совршена координација меѓу социјалистите и СПАК за да се купат локалните избори и да казнат некој дебил од втора рака за да кажат дека новата правда продолжува“.
Како и претходно и вечерва тој повика на протести.
-Треба да се протестира секој ден, секоја минута за да се врати демократијата во земјата. Духот на протестот е тој што ќе ја воспостави демократијата, волјата на народот и ќе гарантира дека системот на одговорност ќе функционира во следните 200 години, нагласи тој.
Освен приврзаници и членови на партијата, присуствуваа и претставници на Демократската партија, но не и Сали Бериша, а се обратија и актери, режисери, кои го обвинија премиерот Рама за уривањето на објектот на Националниот театар и му порачаа да замине што побрзо. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…
На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…
(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…