Професори поднесоа пријава против ректорката Ангелова до ДКСК

t

Сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување за лична корист, на штета на репутацијата, интегритетот и работењето на најстариот државен Универзитет, се дел од причините поради кои група професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поднеле пријава против ректорот на Универзитетот, Биљана Ангелова, до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според нив, Ангелова и додека работела како проректор го прекршила законот со што била дел од надзорен и управен одбор, што е спротивно на законот.

Во писмото е истакнато дека таа во нејзиното повеќегодишно работење има создадено простор за злоупотреба на службената положба и овластување за лична корист, на штета на репутацијата, интегритетот и работењето на најстариот државен Универзитет.

„Со оглед и дека претходно, седум години, лицето Биљана Ангелова беше проректор за финансии, инвестиции и развој, пријавата ја доставивме со голема загриженост дека тонењето на Универзитетот се случува поради личните и бизнис-интереси на актуелниот ректор, а претходно проректор, спротивно на законот“, стои во писмото.

Од УКИМ, пак, ги демантираат наводите на групата универзитетски професори кои поднесоа пријава против ректорката до ДКСК.

„По прелиминарниот внатрешен преглед, сите изнесени обвинувања во врска Ангелова се неточни. Обесхрабрувачки како името на ректорката и на Универзитетот се вовлекуваат во контроверзии врз основа на потенцијално погрешни информации. Ние ги негуваме вредностите на нашата институција за транспарентност, интегритет и потрага по вистината во највисоко почитување“, стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Има ли „маж“ во ОЈО кој…

Треба талент да имаш... Како со професорска…

Неспоивост на функции – Џафери и министрите…

Техничкиот премиер Талат Џафери и дел од…

Иницијатива за утврдување одговорност за Директорката и…

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена…

МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…

Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…