Професоpoт Матески до родителите и наставниците: После бурниот викенд, исполнет со предновогодишни прослави, преполни кафани, да не заборавиме на нашите деца да им ги затегнеме маските

Почитувани родители. Денес е понеделник. Работен ден и ден кога нашите најмили повторно се на училиште.
После бурниот викенд, исполнет со предновогодишни прослави со човешки купови, преполни кафани, да не заборавиме на нашите деца да им ги затегнеме маските.
Тие не одат во кафеана каде ОМИКРОНОТ изумира изложен на турбо фолк и друг кичерај ами одат на училиште каде пустиот е најслилен и најстрашен.
Почитувани наставници. Откако се прослави колегијално доаѓањето на новата година и се испуштиа 1856 фотки на кои единствена маска е таа која се состои од пола кило пудра.
Не заборавајте сабајлево да им се изџигерите на дечињата кои се невоспитани и ја симнале својата маска под нос за да земат свеж воздух.Каков безобразлук и каква дрскост.
Да се отворат пенџерињата додека не фатат подноктици. На крајот на краиштата, мали се бе, животот е пред нив, ќе начекаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…