Прскање против ларви и возрасни форми на комарци по шести пат годинава
Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 05.08.2022 година (петок) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 08.08.2022 година (понеделник) дезинсекцијата против возрасни форми на комарци.
Прскањето ќе се врши според следниов распоред:
1. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 05.08.2022 година (петок), во текот на денот.
2. Авионската дезинсекција, против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 06.08.2022 година (сабота), во раните утрински часови.
3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 08.08.2022 година (понеделник) до 11.08.2022 година(четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…
(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…
Ова е објава за читање за сите…
Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…
Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…
Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…