Путин до Гутереш: Донецк и Луганск станаа независни по примерот на Косово
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск станале независни врз основа на преседанот на Меѓународниот суд на правдата при одлучувањето за независноста на Косово.
Путин истакна дека ги прочитал сите документи на Меѓународниот суд на правдата во врска со Косово и дека добро се сеќава на одлуката во која се наведува дека при остварувањето на правото на самоопределување, одредена територија на ниту една држава не е обврзана да бара од централните власти за дозвола за прогласување суверенитет.
Тоа беше кажано за Косово и тоа беше одлука на Меѓународниот суд на правдата, која беше поддржана од сите, рече Путин, додавајќи дека Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск имаат исто право како Косово да го прогласат својот суверенитет без дозвола од централната власт, „затоа што беше направен преседан“, пренесува РИА Новости.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…