Објавено на:

Путин и Ердоган разговараа за барањата на Русија кон НАТО

t

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска разговарале за барањата на Москва до НАТО за решавање на украинската криза.

Турското претседателство соопшти дека претседателите „разговарале за мерките за подобрување на билатералните односи“.

Кремљ во телефонски разговор соопшти дека Путин и Ердоган „ја потврдиле намерата за зајакнување на заемно корисно партнерство меѓу двете земји“.

Во соопштението од Кремљ се додава дека претседателите ги споменале и меѓународните прашања, како што се барањата на Москва до Алијансата со цел да се гарантира безбедноста на Русија, како и ситуацијата во Либија и Сирија.

Русија и Турција одржуваат партнерства и покрај различните и спротивставени интереси во различни области како Сирија или Либија, каде што се главни играчи.

Сепак, меѓу Москва и Анкара има тензии поради украинската криза. Путин неодамна го прекори Ердоган за снабдување на украинската армија со вооружени дронови, кои се користат против проруските бунтовници во источна Украина.

Западните земји со недели се загрижени за можна руска интервенција во Украина. Тие ја обвинија Москва дека акумулира војници на границата со Украина, додека Анкара неодамна ги оцени „едностраните“ барања на Кремљ упатени до НАТО, чиј член е.

Негирајќи го планот за инвазија на Украина, на 17 декември Русија претстави предлози за договор за ограничување на влијанието на Америка и НАТО во нејзиното соседство. Овие предлози ќе бидат разгледани на 12 јануари на состанокот на Советот НАТО-Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…