Путин не попушта: Нема да учествува на состанокот на ОБСЕ за заедничките активности со Белорусија

Русија нема да учествува на претстојниот заеднички состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Форумот за безбедносна соработка за „невообичаени воени активности“ во Белорусија, што го иницираа балтичките земји, изјави шефот на Руската делегација на разговорите во Виена за воена безбедност и контрола на оружјето изјави во средата за ТАСС Константин Гаврилов.
„Нема да присуствуваме на состанокот“, рече тој, додавајќи дека настанот е предвидено да се одржи во Виена во 15 часот по локално време.
Гаврилов додаде дека Русија нема да учествува на сличен заеднички состанок за ситуацијата на руско-украинската граница што се очекува да се одржи на барање на Киев.
Полското претседавање со ОБСЕ претходно објави дека Естонија, Латвија и Литванија побарале состанок на сите земји-учеснички во врска со „невообичаените воени активности“ во Белорусија.
Во понеделникот, ОБСЕ одржа консултации за ова прашање, иницирани од трите балтички земји врз основа на Виенскиот документ за мерки за градење доверба и безбедност.
Белоруската делегација во соопштението рече дека Минск не бил ангажиран во некоја значајна воена активност за која е потребно претходно известување и дека не смета дека употребата на механизмот на Виенскиот документ е оправдана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…