Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку признавање на ситуацијата што се развила на терен, изјави рускиот претседател Владимир Путин на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Одговарајќи на прашањето дали Русија, како американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара капитулација на Иран, очекува безусловна капитулација на Украина и на Володимир Зеленски, Путин објасни дека Русија не бара капитулација на Украина, туку признавање на реалностите што се појавиле на терен.
Како што рече, ситуациите на Блискиот Исток и во Украина се фундаментално различни.
„Прво, оваа ситуација не е иста, туку фундаментално различна. Второ, ние не се стремиме кон предавање на Украина, туку инсистираме на признавање на реалностите што се формирале на терен“, рече Путин. Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 18 до 21 јуни. Главната тема на овогодинешниот форум е „Заеднички вредности – основа на раст во мултиполарен свет“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…