ПУТИН ПОДГОТВУВА СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ЕУ! Претседателот на Русија ги раскинува сите договори со Советот на Европа!
Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната Дума на разгледување нацрт-закон за престанок на важноста на меѓународните договори на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија.
Имено, во базата на податоци на Државната дума на Русија е регистриран предлог-законот „За престанок на важност на меѓународните договори на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија“ поднесен од претседателот на Русија.
Претходно, Владата на Русија го одобри и испрати соодветниот предлог до Путин.
На 15 март Москва објави официјална нота за повлекување од Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права, нагласувајќи дека ќе ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права доколку тие се во согласност со Уставот на Русија.
Подоцна истиот ден, Парламентарното собрание на Советот на Европа едногласно усвои резолуција со која го информира статутарното тело на Советот, Комитетот на министри, дека Москва не може да биде членка на Советот.
Следниот ден, Комитетот на министри ја усвои одлуката Русија да престане да биде членка на организацијата од 16 март.
Во јуни, рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша декрет за прекин на учеството на Русија во делумните и продолжените делумни договори на Советот на Европа.
Русија е членка на организацијата веќе 26 години.
Фото: Shutterstock
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…