Путин потпиша: Олеснето државјанство за странците кои се борат на руска страна

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се овозможува на странските државјани, кои во периодот на специјалната воена операција потпишале договор за работа со Вооружените сили на Русија, полесно да добијат руско државјанство.
Измените се воведени во претседателскиот декрет од 30 септември 2022 година „За добивање државјанство на Руската Федерација на поедноставена основа за странски државјани и лица без државјанство кои потпишале договори за ангажирање во армијата“.
Во документот е додадена ставка за државјанство за членовите на семејството од таа категорија граѓани.
Ставот „а“ од уредбата е во новото издание и е во поедноставна форма. Во него се наведува дека право да аплицираат за државјанство имаат „странските граѓани кои во периодот на специјалната воена операција потпишале договори за воена служба во вооружените сили на Руската Федерација или договор за работа во армијата на една година“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Москва е подготвена на преговори со…
Москва е подготвена за преговори за решавање…
Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…