Путин предупреди: Оние кои се обидуваат да го поделат руското општество ќе се соочат со неизбежна одмазда
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оние кои се обидуваат да го заплашат и поделат руското општество, да играат на картата на верските и националните чувства, ќе се соочат со неизбежна одмазда.
„Потенцирам – оние кои се обидуваат да ги заплашат луѓето, да ни го поделат општеството, да си играат со верските и националните чувства, никогаш нема да успеат во тоа. Ги чека неизбежна и праведна одмазда“, порача рускиот лидер во пораката по повод Денот на истражителите.
Како што додаде тој, руските истражители работат ефикасно во Донбас и Новорусија, собирајќи непобитни докази за злосторствата на неонацистите, нивните поддржувачи, терористи и екстремисти.
„Сакам да забележам дека сега, во услови на специјална воена операција, истражните органи решаваат посебни, дополнителни, исклучително важни задачи, вклучително и ефективно дејствување на ослободените територии“, рече Путин.
Како што истакна, службениците на истражните органи на Министерството за внатрешни работи, Истражниот комитет и Федералната служба за безбедност на Русија даваат незаменлив, огромен придонес во борбата против корупцијата, тероризмот и екстремизмот, заштитата на интересите на општеството и државата, животот и безбедноста на граѓаните, нивните права и слободи.
Во ера на технолошка револуција, миграциски текови, локални конфликти и формирање на идни пазари, исто така се појавуваат нови ризици, вклучувајќи сајбер закани, трговија со дрога и прекуграничен криминал.
„Треба да одговориме прецизно и брзо на овие предизвици, да ги подобриме методите на истрага, да воведеме напредни пристапи и дигитални решенија кои ќе ни овозможат не само да ги откриеме, туку и да ги спречиме овие криминални дела“, рече Путин.
На крајот на истражителите им посака успех во работата, посочувајќи дека е сигурен дека ќе постигнат добри резултати во сите клучни правци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…