Путин: Санкциите oд Западот отвораат и нови можности

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности.
-Јасно е дека развојот на Крим е под влијание на санкциите кои го покриваат банкарскиот сектор, но и испораката на многу производи. Сепак, иако создаваат одредени тешкотии, тие отвораат и нови можности за сите нас, рече Путин на состанокот за социо-економскиот развој на Крим и Севастопол .
Тој предложи и продолжување на рокот за реализација на државниот проект за прашањето за развојот на Крим и Севастопол до 2030 година и ја повика извршната власт да даде предлог за финансирање. Тој исто така рече дека руските големи компании, вклучително и банките, можат без грижи да почнат да работат на Крим, бидејќи нема причина да за стравување од новите западни санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…