Путин: Што ќе ни е Алјаска?
Руските власти неодамна дадоа изјави во кои се закануваат дека ќе ја вратат територијата Алјаска, која САД ја купија од Русија во 1867 година, но претседателот Владимир Путин не е заинтересиран, пишува Њузвик. Уште во 2014 година во одговор на новинарско прашање тој изјавил:
– Што ќе ни е Алјаска? – рече Путин и додаде:
– Алјаска беше продадена негде во 19 век. Луизијана беше продадена на САД од Французите речиси во исто време. Илјадници квадратни километри беа продадени за 7,2 милиони долари и тоа во злато.
Путин го нарече купувањето „евтино“ и рече дека луѓето „не треба да се трудат за“ Алјаска. Водителот на руската државна телевизија Кирил Клејменов му рекол на Путин дека државата на шега се нарекува „Лед Крим“.

Години подоцна, идејата за Алјаска воскресна во зборовите на претседателот на Државнат дума Вјачеслав Володин.
– Кога тие (американските пратеници) се обидуваат да ги присвојат нашите средства во странство, треба да бидат свесни дека и ние имаме што да бараме – рече Володин за време на состанокот со руските претставници во средата, според Асошиејтед прес.
Гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, исто така, одговори на идејата Русија да ја врати државата преку твит во четвртокот, пишувајќи:
„До руските политичари кои веруваат дека можат да ја вратат Алјаска: Среќно“.
Поранешната гувернерка на Алјаска, Сара Пејлин, исто така се огласи на социјалните мрежи во врска со Алјаска, велејќи дека „Русија сака ресурси кои им припаѓаат на САД и има работи кои можеме да превземем во врска со тоа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…