Путин ја прифати поканата за учество на Самитот Г20 – ќе присуствува и Зеленски?!

„Индонезија сака да ги обедини Г20. Не дозволувајте да дојде до раскол. Мирот и стабилноста се клучот за закрепнување и развој на светската економија“, се вели во изјавата на Видодо од Кабинетот на Индонезија.
Видодо, исто така, претходно оваа недела упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер напиша дека е „благодарен“ за поканата, но не прецизира дали ќе присуствува на самитот.
Претходно оваа недела, Видодо разговарал со Путин и Зеленски во одвоени телефонски разговори, за време на кои тој му ја пренел на Путин важноста од „итно“ завршување на војната во Украина и желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот, се вели во соопштението.
Видодо рече дека му ја пренел на Зеленски подготвеноста на Индонезија да обезбеди хуманитарна помош за Украина, но не и воена помош, што според него е забрането со уставот на Индонезија и нејзините принципи на надворешната политика, објави Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во Центар: Двајца колеги се степале…
Двајца колеги се степале на работно место…
(Видео) ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ СУДРИ СО ФОТОГРАФ,…
Принцот Хари вчера пристигна во Високиот суд…
Ужас во Србија: Силувал две девојчиња, негови…
Во полициска акција во околината на Крушевац…
ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Полицијата објави видео како ја…
Одри Елизабет Хејл (28) која вчера уби…
Европски првак загина на бојното поле во…
Трагична вест доаѓа од бојното поле во…