Објавено на:

Пocледната шарена peволуција

t

Тоа што се случи во Казахстан се повеќе наликува на американско-турско-британско-израелски обид за државен удар драматично сопрен од нивните евроазиски противници, пишува Пепе Ескобар во Крејдл.

Годината 2022 започна со Казахстан во оган, сериозен напад врз еден од клучните столбови на евроазиска интеграција. Допрва почнуваме да разбираме што и како се случи.


Во понеделникот наутро, лидерите на ОДБК (Организација на договорот за колективна безбедност) одржаа вонреден состанок за да разговараат за Казахстан.

Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев концизно опиша. Немирите беа „скриени зад непланирани протести.“ Целта беше „освојување на власта“ – обид за пуч. Постапките беа „координирани од еден центар.“ И „странски платеници беа вклучени во немирите“.

Рускиот претседател отиде дури и подалеку објаснувајќи дека за време на немирите „користени се техники од Мајдан“, што се однесува на протестите на украинскиот плоштад каде во 2013 во протестите падна НАТО-неподобната влада.

Бранејќи ја брзата интервенција на ОДБК мировните сили во Казахстан, Путин изјави „беше неопходно да се реагира без одложување“. ОДБК ќе бидат на терен, „се додека е неопходно“ но по завршување на мисијата „секако дека целиот контингент ќе биде повлечен од државата“. Силите се очекуваат да напуштат следната недела.

И тука е поентата „државите на ОДБК покажаа дека тие нема да дозволат хаосот и ‘шарените револуции’ да бидат имплементирани во нивните граници.“

Путин беше на иста линија со казахстанскиот Секретар за безбедност, Ерлан Карин, кој беше прв, официјално, да ја искористи правилната терминологија за настаните во неговата држава: Тоа што се случи е „хибриден терористички напад“ од внатрешни и надворешни сили, насочен кон соборување на власта.

Испреплетената хибридна мрежа

Речиси никој не знае, меѓутоа минатиот декември уште еден државен удар беше дискретно спечен во главниот град на Киргистан, Бишкек. Киргистанските разузнавачки извори неговата организација ја препишуваат на напливот на НВО-а поврзани со Британија и Турција.

Ова претставува апсолутно клучен дел од големата слика: разузнавачи поврзани со НАТО и нивните соработници можеби се подготвуваат за офанзива на симултани шарени револуции низ Централна Азија.

На моите патувања низ Централна Азија кон крајот на 2019, пред ковид, насекаде можеше да се види како западните НВО-а – хибриден воен фронт – остануваат екстремно моќни и во Киргистан и во Казахстан.

Сепак, тие се само еден верига во западната маглина на Хибридна војна која се шири низ Централна и Западна Азија. Тука гледаме како ЦИА и американската длабока држава има соработка со МИ6 и различни нишки од турското разузнавање.

Кога претседателот Токаев низ шифри зборуваше за „еден центар“ тоа се однесуваше на „таен“ американско-турско-израелски разузнавачки центар базиран во бизнис центар на југот на Алма ата.

Во овој „центар“ имаше 22 Американци, 16 Турци и 6 Израелци кои ги координираат бандите саботери – обучени во Западна Азија од Турците – и потоа испратени во Алма ата.

Операцијата почна да се распаѓа кога казахстанските сили – со помош на руско/ОДБК разузнавање – ја преземаа контролата врз аеродромот во Алма ата кој требаше да биде претворен во центар за прием на странска воена помош.

Организацијата зад хибридната војна на западот мора да е вчудовидена од тоа како ОДБК ја пресретна казахстанската организација со молневита брзина. Клучен елемент е дека секретарот на Рускиот национален совет, Николај Патрушев, многу одамна ја виде големата слика.

Па, не е мистерија зошто рускиот воздушен простор и авионскиот транспорт на војска, плус масовната неопходна инфраструктура, спремни чекаа за наредба.

Во ноември нишанот на Патрушев веќе беше насочен кон влошената безбедносна состојба во Авганистан. Таџикистанскиот политиколог Павиз Мулојанов беше меѓу малкумината кои алармира дека 8.000 салафи-џихадисти, се испорачани од Сирија и Ирак, и скитаат по дивините на северен Авганистан.

Најголемиот дел од ИСИС-Корасан повторно се формираше во близина на границите со Туркменистан. Некои од нив беа транспортирани во Киргистан. Од таму е многу лесно да се мине границата од Бишкек и да се појавиш во Алма ата.

На Патрушев и неговиот тим не му требаше многу време за да сфатат, по повлекувањето на САД од Кабул, како оваа резервна армија на џихадисти ќе биде искористена по 7.500-километарската граница меѓу Русија и Централно азиските „станови“.

Ова објаснува, меѓу другото, и рекордниот број на подготвителни вежби спроведени кон крајот на 2021 во 210-та руска воена база во Таџикистан.

Џејмс Бонд зборува турски

Анализата на хаотичната казахстанска операција неопходно започнува со вообичаените осомничени: американската длабока држава која речиси ја „изрецитира“ својата стратегија во РАНД извештајот за соработка од 2019. Заглавието 4 за „геополитичките мерки“ детално наведува сè од „обезбедување смртоносна помош за Украина“, „промовирање на промена на режим во Белорусија“ и „растечка поддршка за сириските бунтовници“ – сите до едно големи разочарувања – со цел „намалување на руското влијание во Централна Азија.“

Тоа беше главниот концепт. Имплементацијата на ова беше предадена на МИ6-Турската врска.

ЦИА и МИ6 инвестираат во сомнителни елементи во Централна Азија уште од 2005, кога го поттикнаа Исламистичкото движење на Узбекистан (ИМУ), тогаш блиски со Талибан, да направат хаос во јужен Киргистан. Ништо не се случи.

Комплетно поразлична приказна беше во мај 2021, кога Џонатан Пауел од МИ6 се сретна со лидерите на Џабхат ал-Нусра – која собира голем број централноазиски џихадисти – некаде на турско-сириската граница во близина на Идлиб.

Договорот беше овие „умерени бунтовници“ – американска терминологија – да престанат да бидат етикетирани како „терористи“ се додека ја следат анти-руската НАТО агенда.

Ова беше еден од клучните потези пред џихадистите да тргнат кон Авганистан – заедно со ширењето во Централна Азија.

Генезата на офанзивата ќе биде откриена во јуни 2020, кога поранешниот британски амбасадор во Турција од 2014 до 2018, Ричард Мур, беше назначен за прв човек на МИ6.

Мур можеби немаше ни сантиметар од компетенциите на Ким Филби, меѓутоа тој одговара на профилот: фанатичен русофоб, и навивач за Голема Туранија фантазијата, која подразбира пан-Туркиска конфедерација на сите луѓе од туркиско говорно подрачје од Западна Азија и Кавказ до Централна Азија, па дури и руските република околу Волга.

МИ6 моментално е длабоко утврдена во „становите“ освен во автократскиот Туркменистан – мудро возејќи на пан-Туркиската офанзива како идеално возило за спротивставување на Русија и Кина.

Самиот Ердоган е лично вложен во хардкор Голема Туранија офанзивата, посебно по создавањето на Туркискиот совет во 2009.

Клучно, следниот март, самитот на Конфедерацискиот совет на држави од туркиско говорно подрачје – новиот назив на Туркискиот совет – ќе се одржи во Казахстан. Градот Туркестан, во југот на Казахстан, се очекува да биде прогласен за духовна престолнина на Туркискиот свет.

И тука „Туркискиот свет“ влегува во директен судир со интеграцискиот рускиот концепт на Големо евроазиско партнерство, па дури и со Шангајската организација за соработка, која, најважно, ја нема Турција за своја членка.

Краткорочната амбиција на Ердоган на прва може да изгледа само комерцијална: откако Азербејџан победи во војната во Карабах, тој очекува да го користи Баку за да добие пристап до Централна Азија преку Каспиското море, заедно со продажбата од турскиот воен комплекс на Казахстан и Узбекистан.

Турските компании веќе сериозно инвестираат во недвижности и инфраструктура. А паралелно со ова „меката моќ“ на Анкара е на стероиди, конечно собирајќи ги плодовите од огромниот притисок низз годините, на пример, за да ја забрза транзицијата во Казахстан од кирилична на латинична азбука, почнувајќи од 2023.

Сепак и Русија и Кина се многу свесни дека Турција во основа го претставува НАТО како влегува во Централна Азија. Организацијата на туркиски држави кодирано ја нарекуваат операцијата во Казахстан „протести за гориво“.

Сето ова е многу матно. Нео-отоманизмот на Ердоган – кој доаѓа со масовна поддршка од базата на Муслиманското братство – во основа нема никаква врска со пан-Туркиските напори, кои се расно движење базирано на доминацијата на релативно „чисти“ Турци.

Проблемот е што тие две работи конвергираат додека истовремено стануваат поекстремни, со длабока вмешаност на турските крајно десничарски Сиви волци. Ова објаснува зошто разузнавачите од Анкара се спонзори и во многу случаи, го вооружуваат и ИСИС-Корасан и оние Туран расисти, од Босна до Синѓанг преку Централна Азија.

Носете ги тројанските коњи

На секоја шарена револуција и треба „Максимус“ тројански коњ. Во нашиот случај оваа улога ја има поранешниот прв човек на КНБ (Комитетот за национална безбедност на Казахстан) Карим Масимов, кој сега е во затвор обвинет за предавство.

Крајно амбициозен, Масимов е половина Ујгур, половина Казахстанец, и тоа, во теорија, го попречило тоа што тој го смета за задолжителен подем на власт. Неговата блискост со турското разузнавање се уште не е целосно позната, за разлика од неговата блиска врска со Џо Бајден и син му.

Поранешниот министер за внатрешни работи, генерал полковник Феликс Кулов, состави фасцинирано заплеткана мрежа објаснувајќи ја потенцијалната внатрешна динамика на „пучот“ вградена во шарената револуција.

Според Кулов, Масимов и Самат Абиш, внукот на Нурсултан Назарбаев (средно име Абишевич) биле до врат заглавени во надзор на „тајните“ единици со „брадосани мажи“ за време на немирите. КНБ директно е потчинета на Назарбаев, кој до минатата недела беше претседател на Советот за безбедност.

Кога на Токаев му стана јасна механиката на пучот, тој ги смени и Масимов и Самат Абиш. Назарбаев „доброволно“ даде оставка од доживотната претседателска функција во Советот за безбедност. Потоа Абиш кој требаше да ги сопре „брадестите мажи“ беше отпуштен од позицијата во Советот.

Ова директно треба да посочи на судар меѓу Назарбаев и Токаев. Логично е дека за време на 29 годишното владеење Назарбаев играл мулти-векторска игра која била премногу западизирана и која не мора да значи дека била од корист за Казахстан. Тој носеше британски закони, играше на пан-Туркиската карта со Ердоган, и дозволи цунами од НВО за промовирање на атлантска агенда.

Токаев е многу паметен оператор. Обучен од дипломатската служба на поранешен СССР, течно говори руски и кинески, и целосно е поврзан со Русија и Кина – што значи целосно запознаен со големиот план на БРИ, Евроазиската економска унија и СЦО.

Токаев, како и Путин и Ши, разбира како ова тројство меѓу БРИ/ЕАЕУ/СЦО претставува најголемиот империјалистички кошмар, и како дестабилизирањето на Казахстан – клучен актер во тројството – ќе биде смртоносен пуч за евро-азиската интеграција.

Сепак Казахстан претставува 60% од БДП-то на Централна Азија, има масовни залихи на нафта/гас и руда, напредна технолошка индустрија, секуларна, унитарна, уставна република со богато културно наследство.

Не требаше многу време за Токаев да ги разбере придобивките од итното повикување на ОДБК: Казахстан го потпиша договорот уште во 1994. Сепак Токаев се бореше со странски пуч против неговата влада.

Путин, меѓу другите, нагласи дека официјалната казахстанска истрага е единствената која ќе дојде до сржта на проблемот.

Се уште е нејасно кој – и во кој опсег – ги спонзорирал толпите. Има изобилие мотиви: да се саботира про-руската/кинеска влада, да се провоцира Русија, да се саботира БРИ, да се ограбат рудни богатства, да се засили „исламизацијата“.

Исто така само неколку денови пред почетокот на руско-американските преговори во Женева, оваа шарена револуција претставува еден вид контра-ултиматум – од очај – на НАТО естаблишментот.

Централна Азија, Западна Азија, и доминантното мнозинство на Глобалниот југ сведочеа на молневитиот одговор на силите на ОДБК – кои откако ја завршија својата работа се подготвуваат да го напуштат Казахстан за неколку денови – и колку мизерно пропадна и оваа шарена револуција.

И таа можеби е и последна. Внимавајте на гневот на понижената Европа.

Пепе Ескобар, Крејдл

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цели држави во мрак: Казахстан, Киргистан и…

Централноазиските држави Казахстан, Узбекистан и Киргистан се…

Украдени над 40 тела од мртовечниците во…

Во деновите на вооружените смртоносни безредија во…

Пocледната шарена peволуција

Тоа што се случи во Казахстан се…

Мисијата завршена: Воените трупи се повлекуваат од…

Ситуацијата во сите региони на Казахстан е…

(Видео) Морничава смиреност и тишина во Казахстан…

Животот се враќа во нормала во казахстанскиот…