Работна средба денес на неколку македонски и бугарски министри: Кои се темите на разговор?

t

Тројца министри од Бугарија и двајца од Република Македонија денеска ќе учествуваат на состанок на меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, соопшти Министерството за регионален развој и јавни работи на Бугарија.

На него ќе присуствуваат вицепремиерот и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караѓов, министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија Горан Милевски, министрите за транспорт и врски на Бугарија Николај Сабев и министерот за транспорт на Република Македонија, Благој Бочварски и енергетиката Александар Николов.

Учесниците ќе разговараат за теми поврзани со транспортната поврзаност меѓу двете земји, енергијата и регионалната политика.

Пред тоа вицепремиерот Гроздан Караѓов и Горан Милевски ќе учествуваат на средба за Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…