Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје
Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот, кога И.И. (52) паднал од височина додека работел на градилиштето.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот.
На местото излегле полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот бил известен и трудов инспектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник загина при пад од височина на…
Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал…
Словенец од јарбол го симнал и запалил…
На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници…
Осомничен за дрога им избега од станица…
Вчера вечерта, во полициската станица во Кочани,…
Кривична пријава за Турчин: Возел 203 километри…
Државјанин на Турција возел над 200 километри…
Осуденик од Велес крадел додека бил на…
Синоќа во 20:40 часот во Велес, полициски…