Радев ги спореди Македонците во Бугарија со терористи: ОМО – Илинден Пирин било сепаратистичко движење

t

Бугарскиот претседател Румен Радев ги критикуваше премиерот Кирил Петков и неговиот македонски колега Стево Пендаровски. Причина, посетата на Скопје и средбата на Пендаровски со бугарските Македонци.

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека посетата на новиот премиер Кирил Петков на Скопје била „избрзана“. Во првите остри критики на сметка на премиерот и владата, Радев оценува дека Петков премногу се потпирал на „надворешна експертиза“ кога станува збор за посетата на Македонија.

„Мислам дека посетата на премиерот беше избрзана. Важно е бугарската дипломатија целосно да го реализира својот професионален капацитет – да не верува на надворешната експертиза, на невладини организации и да не подлегнува на надворешен притисок“, рече Радев.

Радев го критикуваше и претседателот на РМ Пендаровски поради неговата средба со претставници на ОМО Илинден и други организации од Бугарија.

Рамноправност и сепаратизам

„Македонските Бугари се борат за рамноправност. Тоа е во корен различно од сепаратистичките претензии за малцинство кои ги искажуваат луѓето со кои се среќава претседателот Пендаровски“, вели Радев.

Пендаровски минатата недела се сретна со претставници на македонските заедници во Бугарија и денеска повтори дека „не гледа ништо спорно“ во таа средба. Бугарското МНР оцени дека средбата е во спротивност со договорот за пријателство во 2017 година.

„Средбата не беше спротивна на договорот. Ако некому му пречи, тоа не е мој проблем“, рече Пендаровски.

„Не мислам дека има нешто лошо во тоа и напротив ќе продолжам да се среќавам и со тие луѓе. Од друга страна, мојот колега, претседателот на Бугарија Румен Радев во повеќе наврати прими граѓани на Република Македонија со бугарско самочувство кои живеат тука, ги прими во Софија и апсолутно не гледам што е проблемот и во таквите средби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…