Објавено на:

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги обвини македонските власти за репресии кон Бугарите

t

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави на водечките фактори во Република Северна Македонија се апсолутно неприфатливи“. Ова го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев на почетокот на средбата со претседателот на згаснатиот бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

Радев ја потврдил својата поддршка за Ѓоргиевски. Тој ги повикал сите бугарски институции да излезат во активна поддршка на македонскиот Бугарин и додал дека очекува континуирана работа на случајот. Радев истакнал дека пред една недела судот во Македонија донел пресуда за „апсурдното обвинение за ширење омраза, ксенофобија и дискриминација“.

„Истиот овој суд не поднесе никаков поткрепен случај против очигледните сторители, што е јасен показател за поволниот став на властите на РСМ кон антибугарските манифестации“, посочил бугарскиот претседател.

„Мојата поддршка за Ѓоргиевски останува непроменета, како став на институција која прва го покрена прашањето за правата на Бугарите која го постави ова прашање пред нашите европски партнери и институции, која ја покрена тезата за вклучување на Бугарите во уставот на РСМ како животворен народ, како јасен и задолжителен услов за започнување преговори за членство со ЕУ и ја бранеше оваа позиција сè додека не беше вклучена во преговарачката рамка“, додалРадев.

Тој истакнал и дека Македонија, која, како што вели, гласно рекламира дека одамна ги исполнила сите критериуми за членство, спроведува законско гонење врз етничка основа.

„Покрај тоа, во тек е подготовка на ново, уште поапсурдно обвинение против Ѓоргиевски и затоа ги повикувам сите бугарски институции активно да го поддржат него и правата на Бугарите во РСМ. Исто така очекувам континуирана работа со нашите партнери од ЕУ, НАТО, Советот на Европа, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и други меѓународни институции за да се расветли и спречи манипулацијата и дискриминацијата врз Бугарите во РСМ и врз Бугарија, за да не бидеме повторно сведоци на вакви скандалозни проекти, извештаи, како оној на Европскиот парламент за подготовката на членството на РСМ во ЕУ“, рекол шефот на бугарската држава.

Тој потсетил дека усвојувањето на извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ било одложено поради утврдување на прекршувања на правилата и етиката, како и бројните компромитирани средби на главниот известувач Томас Вајц со политичари и експерти од Македонија.

„Очекувам дека ова прашање нема да избега од вниманието на бугарските политичари и институции“, нагласил Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…