Радев: Патот на Македонија кон Брисел минува низ Софија
„Отсекогаш сум ги поканувал претседателите на РМ да дојдат во Бугарија, бидејќи нивниот пат до Брисел минува преку Софија. Се надевам дека тамошните политичари сфатија дека изборната кампања е завршена и ако нивните деструктивни разговори и однесување се претворат во вистински дејствија, тоа ќе значи туркање на нивната земја во изолација“. Вака денеска изјавил бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ги последните пораки од Македонија, одговарајќи на прашањето дали би ја поканил неговата нова македонска колешка Гордана Силјановска-Давкова на средба во Бугарија.
Шефот на бугарската држава изразил очекување дека секој политичар кој ќе ја претставува Бугарија во Европскиот совет ќе го брани бугарскиот национален интерес.
„Очекувам да разберат дека Бугарија, Грција и ЕУ им порачуваат дека меѓународните договори мора да се почитуваат. Преговорачката рамка мора да се спроведе“, ни порачал Радев.
Тој потсетил дека прашањето меѓу Бугарија и Македонија веќе не е билатерално, туку европско.
„Северна Македонија не смее да заборави дека е земја-кандидат и не може да им наметнува услови на земјите-членки. Не може да ги ревидира меѓународните договори, бидејќи тоа ја означува како земја која не го почитува меѓународното право“, истакнал Радев во изјава за бугарските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
3.000 луѓе остануваат без работа: По 75…
Според компанијата, последните преговори завршија без договор.…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…