Различни паркинг цени на Клинички – влезот за онколошки пациенти ќе биде бесплатен

t

Министерот за здравство Азир Алиу денеска презентираше како ќе функционира паркингот на Клинички центар откако беше решено да не се прават катни гаражи, туку да се искористи постоечкиот простор и да се продолжи договорот со ЈП Паркинг. Според планот ќе има 4 различни влезови на новиот паркинг на Клинички.

-За онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин а за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа, рече Алиу.

Повеќе детали за паркингот Алиу најави за следната недела до кога ќе биде потпишан договорот со ЈП Градски паркинг.

– Очекуваме во текот на денот да се потпише договорот помеѓу Министерство за здравство и ЈП Градски паркинг. Ќе бидат отворени дополнителни влезови, еден од нив ќе биде отворен кај Клиниката за кардиологија за да може пациентите кои што имаат потреба од интервенција во таа Клиника да може директно таму да влезат. Излезите ќе бидат исти, бројот на паркинг места ќе биде двојно поголем од сега, поради оптимизацијата на просторот. Сега за сега, нема да има изградба на нов тврд или монтажен објект, бидејќи цениме дека со оваа оптимизација бројот на паркинг места ќе биде повеќе од доволно, рече Алиу.

Алиу посочи дека отсега ќе има камери за следење на автомобилите на Клинички центар „Мајка Тереза“, а ќе се промени и цената но не прецизираше на каков начин.  За тоа како ќе се направи поголем број на паркинг места, министерот рече дека има доста неискористен простор којшто ќе се искористи.

– Знаете дека имаме позади Клинички простор кој што буквално не е достапен ни за пешаци, ниту за автомобили, едноставно тој ќе биде оптимизиран. Работеа неколку архитекти и според нив ќе имаме двојно повеќе паркинг простор отколку што имаме сега. Ако ова не е доволно, ќе одиме на монтирање на катна гаража внатре. Јас и работната група сме многу сигурни дека нема да има потреба од тоа, рече Алиу.

Министерството за здравство воведе нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи што досега се спроведуваа само со хартиена евиденција. Следно, Министерството за здравство ќе создаде портал за работодавачите на кој ќе може да иницираат прегледи за вработените, а овој систем ќе се поврзе со Министерството за внатрешни работи и со Агенцијата за вработување.

-Модулот носи конкретни придобивки за работодавачите, за работниците и за здравствените работници во нашата држава. Во системот електронски се евидентираат здравствените прегледи за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за здравствена и психофизичка способност, за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледите за здравствена состојба за поседување и носење оружје, изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Модулот го изработила Управата за електронско здравство во соработка со Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд и Институтот за медицина на трудот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови зголемени цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Цистерна на ПОЦ помага во гаснењето на…

Од Општина Центар информираат дека со цистерна…

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од полноќ се врши намалување на малопродажните…

Цените во Охрид „подивеа“: Еспресо 150, помфрит…

Нова сезона во Охрид, нови жалби од…

(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…

Мајка на син кој бил диџеј во…