Објавено на:

Рама: ЕУ направи грешка што преговорите со Русија им ги препушти на САД

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју за естонскиот медиум „Postimees“, меѓу другото ја критикува стратегијата на Европската Унија во надворешните работи и безбедноста на глобалните интереси.

Тој нагласува дека било грешка што Европа им дозволила на САД да ги водат преговорите со Русија.

– Не беше само обична грешка. Според мене, ова е став што не е соодветен за голема сила како Европа, бидејќи историјата на Европа е секако историја на војни, но и историја на дипломатија и преговори. Значи, можеме да ја поддржиме Украина до крај во нивната праведна борба против агресијата, но во исто време не можеме – мислам на Европа – да не разговараме со Русија, вели Рама, објави Топ чанел.

Додал дека „Русија не оди никаде, таа е тука за да остане и мора да се вразуми на еден или друг начин кога станува збор за односите со Европа“.

– Но, Европа исто така треба да бара дипломатија и разговор. Израел и Хамас се задушуваа меѓусебно, но постојано разговараа, оценил тој.

Рама се задржал и на процесот на евроинтеграција на неговата земја, нагласувајќи дека и покрај „предизвиците од бавноста на европските процеси, Албанија останува решена да стане членка на ЕУ до 2030 година, поддржувајќи дипломатски и практичен пристап кон меѓународните односи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: ЕУ направи грешка што преговорите со…

Премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју…

Милошоски: Потребна е искрена и остварлива европска…

Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема…

Пет земји-членки предлагаат членство во ЕУ за…

Пет земји-членки на Европската Унија предложија нов…

Руте: НАТО е посилно од кога било,…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази…

Муцунски одржа работна средба со амбасадорот на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…