Расипани сопирачки и претовар: МВР казни фирма и возач на автобус со кој се врши превоз на деца
Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на деца. Полицијата го запрела автобусот и било утврдено дека има 37 патници односно деца повеќе од дозволеното, а на технички преглед биле утврдени неисправни сопирачки.
„Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 85 патника, додека дозволено по сообраќајна дозвола е максимум 48 патника, односно возачот Ј.Д. (63) од Скопје, превезувал со автобусот 37 патника (деца) повеќе од дозволеното“, соопшти МВР.
Над возилото извршен бил и вонреден технички преглед, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница) и уредите што овозможуваат нормална видливост (скршено ветробранско стакло).
„Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот Ј.Д. (63) од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците“, соопшти МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расипани сопирачки и претовар: МВР казни фирма…
Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект,…
(Видео) Иранците пукаат кон хеликоптерите додека го…
На социјалните мрежи се појавија снимки од…
Се урна дел од плафонот во Центарот…
Попуштил дел од плафонот во Големата сала…
Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани
„40-ти Марш на ангелите“ ќе се одржи…
„НАПРАВЕТЕ РЕФЕРЕНДУМИ И ПРИМЕТЕ ГИ СИТЕ ВО…
Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор во интервју…