Расправија на Попова Шапка довела до пукање помеѓу жители на скопско село – за среќа нема повредени

t

Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот, а при тоа немало повредени.

Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија, Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но, не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото. Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З. – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

МВР: Лице барано со потерница спроведено во…

Денеска (07.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето…

Запалена сува трева е причината за пожарот…

Пет патнички возила се зафатени со пожарот…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…