Растат тензиите во Тајванскиот теснец: 13 кинески авиони го нарушиле тајванскиот воздушен простор
Тајванските воздухопловни сили биле на готовност и полеатале утринава за да ги предупредат 13 кинески воени авиони кои влегле во нејзината зона за воздушна одбрана, според тајванското Министерство за одбрана, во најновот ицнидент при пораст на тензиите низ Тајванскиот теснец.
Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, обвинува за редовно нарушување на воздушниот простор од страна на кинеското воздухопловство во последните две години, дури и ако авионите не пристигне во близина на самиот Тајван.
Тајван моментално е во критична состојба на готовност поради стравувањата дека Кина може да ја искористи руската инвазија на Украина за да направи сличен воен потег на островот, иако владата на Тајпеј не пријави никакви невообичаени кинески движења.
Бројот на вклучени авиони не е помалку импресивен и покрај фактот што на 23 јануари, Кина го наруши тајванскиот воздушен простор со 39 авиони, и оттогаш ваквите прелетувања се спорадични со многу помалку авиони.
Кинеското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека тајванското прашање е внатрешно прашање на Кина и дека не постои сила која ќе ја спречи Кина да го врати Тајван под своја контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…