Рафајловски: Министерска плата не смее да биде под 10.000 евра
Во Бизнис 21 гостуваше Горан Рафајловски каде се зборуваше на разни економски теми. Тој кажа дека министерските плати треба да бидат многу повисоки, и со тоа да се сопре со темата колкави се платите на политичарите.
„Мора да се сопре со тоа колкави се платите со политичарите. Ако сакате да нема крадење, тогаш треба да се платат. И да има награда ако донесе некоја голема инвестација и да сработи цел проект, да има награда… Па и милијарда евра да донесе, да му се даде награда. А платите… Е, сега многу ќе ме плукаат, но според мене, не смеат да бидат помали од 10.000 евра“, вели Рафајловски.
Но, ако краде, ако е коруптивен, тогаш минимум 20 години затвор. Ќе видите дека државата ќе има помал трошок“, вели Рафајловски.