Објавено на:

Реактивиран пожарот кај месноста Ралова Чука во Делчевско

t

Реактивиран е пожарот на депонијата за градежен шут кај месноста Ралова Чука во делчевското село Очипала. Пожарникарот Лоренцо Трајановски, кој со екипа на ТППЕ Делчево интервенира во гаснењето, информира дека моментално гори внатрешниот дел на депонијата.

-Во моментот се обидуваме да спречиме ширење на надворешниот дел на депонијата преку негова обиколка, по што ќе пристапиме кон гаснење на внатрешниот дел од депонијата, истакна Трајановски.

Пожарот на депонијата Ралова Чука синоќа беше локализиран, но, како што додаде, делчевскиот пожарникар, повторно избувнал денес во попладневните часови.

Во текот на вчерашниот ден во Делчевско беше локализиран пожарот во атарот на делчевските села Тработивиште и Разловци, во кој беа опожарени околу 50 хектари борова и дабова шума кај месноста Енѓовски колиби. Пожарникарите интервенираа и на запален семеен дом на улицата „Голачка” во Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…