Реализирани сите проекти ветени за првите 82 дена во Скопје, СДСМ не може да се помири со порaзот

t

Новото раководство на Град Скопје ги реализираше сите ветувања кои градоначалничката Данела Арсовска ги вети пред граѓаните во нејзината редизборна кампања за првите 82 дена од нејзиниот градоначалнички мандат. Она што не можеа со години да го реализираат поранешниот градоначалник и најблиските соработници, Арсовска со својот тим го направи во првите 82 дена од мандатот. Скопјани се главен приоритет и решавањето на проблемите на граѓаните е императивот кој новата градска администрација го постави пред себе.
СДСМ не може да се помири со поразот кој го доживеа, а уште поголем притисок им создава фактот дека ќе се врши ревизија на сите сомнителни тендерски постапки и договори кои што биле склучени во време на Петре Шилегов.
Наместо манипулации и лаги, СДСМ треба да се соочи со вистината дека се директно одговорни за неуспесите кои четири години наназад се нижеле во Град Скопје, додека ги трошеле парите на граѓаните за прослави и ручеци по кафеани. Скопјани јасно знаат кој ги злоупотребувал нивните пари со години и кој придонел за стагнација на градот, а саботажите, нападите и агресијата на СДСМ се должат на тоа што за два месеци гледаат работа која ќе ја потенцира нивната неспособност од изминатите 4 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е прв од најзагадените градови…

Скопје утрово е трет најзагаден град во…

Скопје и утрово е трет најзагаден град…

В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада…

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на…

Скопје и утрово втор најзагаден град во…

Според подататоците на IQAir, Скопје и утрово…

Маж во Скопје пробал да се самоубие…

Од МВР известуваат дека денеска бил пронајден…