Објавено на:

Резаи: Поради нападите врз Бејрут, Израел ќе добие „цврст и болен“ одговор

t

Иранскиот пратеник Ебрахим Резаи најави „цврст и болен“ одговор по денешните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут.

– Ќе одговориме цврсто и болно на агресијата на ционистичкиот режим кај Бејрут. Овие бесни кучиња мора да ги дисциплинираме и да ги ставиме на нивното место, објави Резаи на социјалните мрежи.

Тој е портпарол на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент.

Либанската новинска агенција (ННА) јави дека цел на израелските напади биле два стана во квартот Дахија,

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денешните напади се одмазда за нападите на Хезболах врз северниот дел на земјата. Израел утрово идентификуваше најмалку пет проектили лансирани од територијата на Либан.

Хезболах засега не презеде одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резаи: Поради нападите врз Бејрут, Израел ќе…

Иранскиот пратеник Ебрахим Резаи најави „цврст и…

Трамп: Иран испука доволно ракети, сега да…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Русија постави нов услов за крај на…

Русија повторно постави нов услов за евентуален…

Куба почна да им дели пушки на…

Куба почна да дели оружје на своите…

Иран го нападна Израел по бомбардирањето на…

Иран лансираше ракети кон Израел како одмазда…