Ременски бpyтално искрена за Бугарија и македонското малцинство: Тоа што Македонците каде и да се, се однесуваат гоцеделчевски никому не му дава за право да ги негира нашите чувства

t

Во 2018 година по цели 12 години ја предводев македонската собраниска делегација во официјална посета на Народното собрание на Бугарија.

Тоа беше непосредно по потпишувањето на Договорот со Бугарија. Имавме средби на највисоко ниво и импресионираше грижата на пратениците во групата за пријателство. Позитивно и надежно. Колегите од Бугарија ги знаеја моите непроменети ставови за сите прашања кои денес актуелно се дебатираат.

Уште тогаш сите очекуваа забрзување на полињата на соработка кои македонската влада ги потпиша како меморандуми при овонеделната меѓувладина седница во Софија. Се надевам дека, и оваа средба нема да биде само чин на надеж и формалност, туку проактивност во убеденоста дека треба разбирање и јазик.

Ако Гоце Делчев рекол дека, го разбира светот како поле на културен натпревар меѓу народите, тогаш македонскиот идентитет не смее да биде поистоветуван со бугарскиот или пак да биде шовинистички релативизиран до степен да се прифати да се размислува дека, тука има место за несигурност, разговор и компромис.

Идентитетот е субјективно чувство – код, белег, право, карактеристика, историја и категорија која го дефинира човекот, групата и народот како засебен и посебен.

Тоа што Македонците каде и да се, се однесуваат гоцеделчевски и никого не убедуваат дека се Македонци, ако тие не се чувствуваат така, тоа никому не му дава за право да ги негира чувствста на Македонците, независно дали тие имаат друго или и македонско државјанство.

Прилично несмасна е реакцијата на нашите власти околу изјавите на домашен терен од страна на претставници на бугарските власти дека, во Бугарија нема Македонци.

Можеби нема Македонци со македонско државјанство, но.има етнички Македонци со бугарско државјанство. Исто како што слушаме и знаеме дека, има Бугари во РСМ.

Не ја гледам потребата бугарското да се пренагласува, а македонското да се релативизира.

Решението не е во избегнување на дебата, помал отпор и несоочување со реалноста, туку во заемно прифаќање на фактите кои нема да генерираат шовинизам во 21 век, помеѓу две земји кои според сите заеднички членства во сојузии немаат право да се негираат и суптилно да градат реторика на условување и негација.

Затоа, најдобро е да се договорат да не се договараат за фактите и историските вистини.

ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин – здруженијата на Македонците од Бугарија побараа средба со претседателот Пендаровски, поттикнати од средбата на здруженијата на Бугарите со претседателот на Бугарија – Румен Радев. Стигна веста дека ќе се договори датум за средба што ќе биде добро доколку се реализира, ако се реализира.

Зошто?

Затоа што ќе се корегира неумесната политичка изјава на неколкумина владини претставници дека, тоа што некој се чувствува и декларира како Македонец во Бугарија или било каде во светот, не е обврска за грижа на државата кон нив.
Во член 49 од Уставот се вели: “Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ
во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.
Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство”.

Тоа секако не значи мешање во внатрешните работи на државите. Ако оваа уставна обврска се толкува како мешање во внатрешните работи на една земја, тогаш во “мешањето” треба да се гледа двострано.

Тоа што општествената аномија во која живееме ги оттуѓи луѓето и им го отапе чувството за припадност и вредност не треба и не смее да биде искористено како момент за ничија етнонационалистичка доминација и условување за градење на политички (европски) идентитет до кои треба да се дојде преку разум, стандард и прифаќање, а не на сила и со условување.

Европска Бугарија треба да покаже европски манири и вредности, а не балканска тврдоглавост. А ние – ние треба да прифатиме дека 30-годишното тапкање во место со квазиидеологии и политички демагогии не само што ги одродија младите што ја напуштија Македонија, туку ќе ги минимизираст и национално свесните Македонци кои сеуште не изгубиле сила да бидат овде и сега.

Фејсбук статус на Фросина Ременски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветено, сторено: Започнуваме со изградба на капитален…

Градот Скопје денеска ја почна реализацијата на…

(Видео) Никогаш не сум зела пари: Нема…

Суспендиранаата обвинителката Вилма Рускоска денеска ја поднесе…

(Видео) Русковска на прашање на Инфомакс: Ова…

Поднесов жалба до совет на јавни обвинители…

Скопјенец загина на патот Маврови Анови –…

Шеесет и седум годишниот скопјанец Љ.Ј. го…

(Видео) Пендаровски исвиркан на ракомет во Струга

Претседателот Стево Пендаоровски присуствуваше на ракометниот турнир…