Репортажа на АФП: Македонците се откажаа од својата земја и бараат спас во странство

t

Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот. Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.

Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување. Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години. Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите. Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители. „Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.

Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.

Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово.
АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис. Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата. „Ако останете, просечната плата е само 470 евра. ‘Подобро да бидам роб за 2,000 евра во некоја странска земја отколку роб дома за 300 евра’”, велат соговорниците на АПФ.

Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот. Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението. Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.

А ако овие земји се надеваат дека членството во ЕУ ќе ја подобри ситуацијата, Хрватска е предупредувачки пример. Откако влезе во ЕУ во 2013 година, хрватското население од четири милиони жители се намали за 10 проценти. Обединетите нации проценуваат дека Хрватска ќе има само 2,5 милиони жители на крајот на векот“, пишува АФП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во домот на 73-годишен кавадарчанец: Пронајдени…

Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, а…

Таравари: Ќе поддржиме уставни измени и како…

В.Д. претседателот на Алијансата за Албанците (АА)…

МВР демантира: Не не тепаа во Арачиново

По извршени детални проверки од страна на…

Овчаров: Бугарите сфатија дека со Македонците треба…

Бугарскиот археолог Николај Овчаров мисли дека има…

Вучиќ: Покер околу одењето во Тирана

Српскиот претседател Александар Вучиќ се заканува дека…