Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати, вели Мицкоски

t

Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук-профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија.

На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и за следните чекори во спроведувањето на реформската агенда.

„Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе целосно реализирани, а други напредуваат побргу од планираното. Ова одразува силна политичка посветеност, подобрена институционална координација и јасен фокус на резултати“, пишува Мицкоски.
Во јавните финансии, како што додава, ги зајакнуваме отчетноста и транспарентноста.

„Институциите повеќе известуваат, посистематски управуваат со ризиците и применуваат построги контроли врз јавната потрошувачка. Во исто време, го модернизираме буџетскиот систем и ги подобруваме планирањето и следењето на јавните инвестиции. Пораката е едноставна: јавните средства се управуваат поодговорно и поефикасно“, посочува премиерот.

Овие реформи, додаде Мицкоски, не се изолирани активности. Тие се дел од поширока трансформација. Тие ја приближуваат нашата економија до единствениот пазар на ЕУ.

„Тие ги зајакнуваат институциите во согласност со европските стандарди, и носат конкретни резултати за граѓаните и бизнисите. Остануваме целосно усогласени со Европската Унија, политички, економски и стратешки“, додава Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реформската агенда повеќе не е само план…

Реформската агенда повеќе не е само план…

Џеј Ди Венс и американската делегација на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека…

„Деко, со кое лице бараш олеснување на…

Реагираа семејствата на починатите во трагедијата во…

Голоб се откажа од формирање влада во…

Премиерот на Словенија, кој моментално е во…