Ристоска останува без „Талир“: Севески ги повлекува овластувањата на обвинителите
Државниот јавен обвинител Ненад Севески најави дека ќе ги повлече овластувањата на обвинителите кои постапуваат по предмети надвор од своите матични обвинителства, со што директно ќе се рефлектира и врз случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.
Со оваа одлука, обвинителката Ленче Ристоска повеќе нема да ги води предметите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат на наводи за перење пари и незаконско финансирање на партиското седиште.
Севески тврди дека станува збор за техничка одлука, а не за политичка, но не негира дека предметите ќе бидат прераспределени и дека Ристоска нема да продолжи да ги застапува.
„Ќе ги повлечам сите овластувања за сите предмети, освен за неколку конкретни случаи“, изјави тој, без директно да посочи имиња.
Случајот „Талир 2“, кој веќе се води во скопското обвинителство, е во чувствителна фаза – му се заканува застарување во август, а се уште нема првостепена пресуда.
Инаку, предметот во минатото веќе имаше осудителна пресуда, со која беше наложена и конфискација на партиски имот, но таа падна на Апелација по измените на Кривичниот законик, по што постапката започна од почеток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристоска останува без „Талир“: Севески ги повлекува…
Државниот јавен обвинител Ненад Севески најави дека…
Песков: Русија подготвува одговор ако Киев користи…
Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ…
(Видео) Хаос во Белград! Продолжува истрагата на…
Членови на Одделот за кривични истраги, по…
Дејан Јованов-Деко давал „отпор“ и не соработувал…
Со сослушување сведоци предложени од одбраната, денеска…
Салмонела причина за труењето во РЕК Битола:…
Салмонела е причината за труењето со храна…