Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и премиерот
Јавната обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и дека недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител.
„Јас ќе ги преземам сите институционални механизми кои ми се на располагање, бидејќи е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Поднесов и тужба за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Поднесов и за премиерот, како што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители, како институција која е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители“, изјави Ристоска.
Претходно таа побара и јавно извинување од премиерот Мицкоски поради навреди и дисквалификации. Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и премиерот
Јавната обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против…
Мицкоски: На лидерската средба покажавме зрело однесување…
По денешната лидерска средба премиерот Христијан Мицкоски…
14,3 МИЛИОНИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ…
Во држава во која минималната плата едвај…
АКТ: 51 тендер и 16 милиони евра…
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова…
14,4 МИЛИОНИ за патни трошоци на пратениците…
14.369.470 денари е сумата која пратениците во…