Родителите на починатите од Кочани ја одбија средбата со премиерот – Поканата е задоцнета!

t

Во врска со телефонската покана од Кабинетот на Премиерот Христијан Мицковски за
остварување средба со нас, родителите на трагично починатите деца во дискотеката
„Пулс“, закажана за 13 мај 2025 година во 15:00 часот во Скопје, Ве информираме дека
поканата не ја прифаќаме поради нејзиното доцнење.

Истовремено, Ве известуваме дека Премиерот беше поканет од сите родители на
починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и
содржина каква што сметаат за соодветна. Со оглед на тоа дека дел од родителите не се
во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025
година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е
разумен и оправдан.

Воедно, сакаме да истакнеме дека ставовите во ова соопштение ги изразуваат
мнозинството од родителите, но не претендираме да говориме во име на секој
поединечно.

Дополнително, ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да изразат поддршка да
присуствуваат на „Маршот на ангелите“, кој ќе се одржи на 10 мај 2025 година (сабота), со
почеток во 16:05 часот.

Ова известување го доставуваме до медиумите со цел да ја информираме јавноста за
нашата заедничка одлука и став.

Со почит,

Родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“ – Кочан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на починатите од Кочани ја одбија…

Во врска со телефонската покана од Кабинетот…

(Фото) Мицкоски фотографиран на одмор во Виена

Премиерот Христијан Мицкоски најверојатно е на краток…

Вучиќ откри за што разговарал со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…

Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на…

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари…

Калас: Подготвуваме план „Б“ во случај Унгарија…

Европската унија подготвува план „Б“ во случај…