Објавено на:

Рубио: Систем за наплата на минување низ Ормуз би го оневозможил дипломатскиот договор со Иран

t

Дипломатскиот договор меѓу САД и Иран би бил оневозможен доколку Техеран воведе систем за наплата за минување низ Ормуската теснина, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио рече дека никој во светот не е за систем за наплата на минување низ Ормуската Теснина.

– Тоа не може да се случи. Би било неприфатливо. Тоа би го направило дипломатскиот договор невозможен доколку тие продолжат да се стремат кон тоа. Значи, тоа е закана за светот доколку се обидат да го направат тоа, и тоа е целосно нелегално – наведе Рубио.

Тој истакна дека е постигнат одреден напредок во разговорите на Вашингтон со Техеран за прекин на американско-израелската војна против Иран.

– Постојат некои добри знаци. Не сакам да бидам премногу оптимист … Значи, да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена – истакна Рубио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Систем за наплата на минување низ…

Дипломатскиот договор меѓу САД и Иран би…

СДСМ се повлече од расправата за заемот…

Пратеничката група на СДСМ, се повлекоа од…

Клековски: Само работодавачот Лукровски може да го…

„Само работодавачот може да го провери боледувањето…

Предупредување од УХМР: Доаѓа невреме со град…

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно…

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност…

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност…