Ружиќ: Дојавите за бомби во сите 23 средни училишта во Белград се лажни

По дојавите за поставени бомби во 23 средни училишта и гимназии во Белград, припадниците на Министерството за внатрешни работи интервенирале, извршиле проверки и утврдиле дека сите пријави се лажни, изјави министерот за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ, истакнувајќи дека училиштата и полицијата реагирале соодветно и брзо и учениците биле безбедни, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот Ружиќ додаде дека по увидотот на МВР, учениците сукцесивно се вратиле на настава, а во училиштата чии ученици поради ваквата состојба биле вратени дома, часовите ќе бидат надоместени во наредниот период.
-Припадниците на МВР ефикасно реагираа, а наставата во втора смена ќе се одвива редовно, изјави Ружиќ.
Во 23 средни училишта и гимназија во Белград утринава пристигнала циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.
Учениците и вработените беа евакуирани на безбедно, додека полицијата и нејзините стручни служби ги проверуваа наводите.
МВР и БИА истражуваат кој го испратил меилот за бомбите, кој бил од една иста електронска адреса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Сончево но ветровито време
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат Свети…
Свети Алексиј човек Божји Различни се патиштата…
Нови информации за состојбата на Папата Франциско…
Папата Франциско има респираторна инфекција и ќе…
Ќе се изненадите: Што треба да се…
Слабеењето никогаш не е лесен процес и…
Сенатот гласаше за укинување на правото на…
Сенатот денеска во двопартиска усогласеност гласаше за…