Русите се мајтапат: Не напаѓаме денес, војните ретко почнуваат во среда

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска.
„Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец“, рече Чижов во текст објавен во денешното издание на германскиот дневен весник Ди Велт.
„Војните во Европа ретко започнуваат во среда“, додаде тој.
Американската администрација предупреди дека е можен руски упад во Украина пред затворањето на Зимските олимписки игри во Кина во недела.
Чижов ги осуди забелешките на САД за можен напад врз Украина.
„Кога обвинувате – кога кажувате особено многу сериозни обвинувања против Русија – имате и одговорност да презентирате докази. Во спротивно тоа е клевета. Па, каде се доказите“, напиша рускиот дипломат.
Кремљ побара НАТО да ги ограничи активностите во Источна Европа и да вети дека нема да ги додаде поранешни советски републики, како Украина, како нови членки.
Москва, исто така, побара забрана за распоредување вооружени системи, вклучително и американски систем за противракетна одбрана, во близина на границите на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…
Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…
Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…
Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…
Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…