Објавено на:

Русија врие: Балтичките земји и Полска бараат зголемено присуство на НАТО на нивна територија

t

Трите балтички држави плус Полска, по денешните разговори на министрите за надворешни работи во Рига, повикаа на поголемо присуство на НАТО на нивна територија.

Полска, Естонија, Литванија и Летонија, на самитот на НАТО во Мадрид што ќе се одржи кон крајот на јуни, сакаат да извршат притисок за посилна заштита долж источното крило на Алијансата.

– Сакаме да постигнеме постојано присуство на НАТО во балтичките земји и Полска за да можеме да се спротивставиме на какви било закани од Русија и Белорусија и да ја заштитиме секоја педа од нашата територија, истакна домаќинот на средбата, летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.

Сите четири земји од ЕУ и НАТО делат граница или со Русија, со нејзиниот близок сојузник Белорусија или со двете.

На средбата четворицата министри разговараа и за можностите за понатамошна поддршка на Украина и се изјаснија за поголема испорака на оружје за Киев.

Покрај тоа, тие се договорија за блиска соработка во енергетскиот сектор за што побрзо да се елиминира зависноста од руските ресурси, а исто така повикаа и на построги санкции против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Магичен поглед и силна порака: Руски…

Специјалниот дописник новинската агенција „ТАСС“, космонаутот на…

Украина очекува Кина со своето влијание врз…

Украина очекува Кина да го искористи своето…

Џипинг го испофали Путин: Благодарение на него…

Благодарение на раководството на рускиот претседател Владимир…

Столтенберг: Русија сакаше помалку НАТО во Европа,…

Со очекуваниот близок пристап на Финска во…

Закана од Путин: Во 2014 немавме хиперсонично…

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…