Објавено на:

Русија зазела стратешки град во јужна Украина

t

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски војници го зазеле градот Херсон во јужна Украина.

Доколку ова тврдење е точно, тоа е најголемиот украински град окупиран од Москва, јавија светските агенции.

Според руски извештаи, руските сили синоќа влегле во Херсон и руската армија синоќа била на улиците на градот.

Градоначалникот Игор Коликаев утрово за локалното радио изјави дека руските сили синоќа ја презеле градската железничка станица и пристаништето во вторникот вечерта, јавува Би-Би-Си Русија.

– Борбите сега траат, а окупацијата на нашиот град е во тек, рече тој.

Коликаев информира дека многу луѓе загинале, вклучително и украински војници и цивили, а владините претставници сега се обидуваат да обезбедат луѓето да го напуштат градот или да се засолнат.

– Синоќа додека јас и мојот тим бевме во градското собрание, зградата беше гранатирана. Сите се живи. Но, повторно ве замолувам: не излегувајте од дома. Не предизвикувајте пукање со вашите постапки и однесување. Ние сме во многу тешка ситуација, нема потреба да ја влошуваме. Денеска ќе работам за да најдам начин како да се соберат мртвите, како да се врати струјата, гасот, водата и топлината каде што се оштетени. Но, веднаш ве предупредувам: да ги исполниш овие задачи денес значи да направиш чудо. Сега сите чекаме чудо. Тоа ни треба, напиша Коликаев на фејсбук.

Карл Билт, поранешен мировен посредник на Европската унија за поранешна Југославија објави слика од руски воени возила во Херсон со кои Русите синоќа влегле во градот и ги ставиле под своја контрола.

– Ужасно. Возила за транспорт на затвореници се наредени во Херсон, Украина, откако Русите го освоија градот по неколкудневни борби. Се спушта мрак. Дојде царството на злото, напиша Билт. јт/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со Зеленски во Лондон:…

Премиерот Мицкоски во Лондон се сретна со…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…

Орбан го претставува планот за решавање на…

Мировниот план на унгарскиот премиер Виктор Орбан…