Русија му се закани на Западот доколку Украина нападне со западно оружје со долг дострел

t

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека рускиот одговор би бил „исклучително болен“.

Таа исто така рече дека Западот „треба да размисли за ризиците од понатамошна ескалација на конфликтот во Украина“ и дека западните политичари „губат контакт со реалноста“.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги предупреди САД да не се шегуваат со црвените линии на Москва, објави Reuters.

Лавров рече дека САД го губат чувството за заемна воздржаност со Русија и тоа е опасно.

Reuters, да потсетиме, вчера објави дека Америка планира да ѝ даде одобрување на Украина да напаѓа со западно оружје со долг дострел длабоко на руска територија.

Украина со месеци бараше дозвола за тоа да ги спречи руските напади врз цивили и енергетската инфраструктура во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Маџир Маало

Вечерва се запали стара и напуштена куќа…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Силен земјотрес воТурција!

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Ристовски: До крајот на идното лето пет…

Скопје до крајот на идното лето ќе…

Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…