Русија нема да бара екстрадиција на државјаните кои побегнале во странство пред мобилизацијата
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема да бара екстрадиција на руските државјани кои побегнале во странство пред мобилизацијата за војната во Украина.
„Како дел од делумната мобилизација, руското Министерство за одбрана не испрати ниту подготви барање, ниту пак ќе побара од властите на Казахстан, Грузија и други земји присилно да ги вратат руските државјани“, се наведува во соопштението.
Од 21 септември, кога Кремљ најави делумна мобилизација на резервниот состав на руската армија, десетици илјади мажи на возраст за служење војска, ја напуштија Русија, особено во поранешните советски републики во Централна Азија и Кавказ. Ако руски државјанин добие повик за мобилизација и не се јави во центар за регрутирање, теоретски може да се смета за дезертер и да биде ставен на листата на барани лица во Русија.
Министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ахмедјанов, денеска изјави дека Астана ќе биде принудена да ги екстрадира Русите кои побегнале од мобилизацијата само доколку се на списокот на барани лица во Русија.
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат тековната воена мобилизација во Русија. Астана и Москва се сојузници, но односите се заладија од почетокот на руската агресија против Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Илјадници луѓе на улиците во Белград…
Протестот против ископот на литиум од проектот…
Осум и шестгодишно дете исчезнаа во Грција
Грчката полиција трага по две деца кои…
Иран се пофали со ракети со боеви…
Церемонијата на испорака одржана во петокот ја…
Белата куќа: Длабоко сме загрижени поради израелскиот…
Белата куќа денеска соопшти дека е „длабоко…
(Видео) Опозицијата во Белград ја блокира железничката…
Златко Кокановиќ, кој се бори против Рио…