Објавено на:

Русија нема да остане без одговор на евентуалнинте британски санкции

t

Русија нема да ги остави без одговор најавените британски санкции доколку бидат усвоени, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.
„Нападот на една земја врз рускиот бизнис, се разбира, подразбира реципрочни мерки“, рече Песков, одговарајќи на прашање за санкциите.

Како што наведе, тие мерки ќе бидат формулирани „исклучиво врз основа на нашите сопствени интереси, доколку е потребно“.

Песков посочи и дека загрижувачки се заканите на Лондон за можна конфискација на руски имот во Велика Британија.

„Ова се многу загрижувачки изјави од Лондон. Мислам дека тоа не е загрижувачко само за нас, за нашите компании. „Ова ја покажува големата непредвидливост на Лондон, што е причина за сериозна загриженост за меѓународните финансиски и деловни структури“, рече Песков.

Портпаролот додаде дека „работите треба да се нарекуваат со нивното вистинско име: санкциите се нешто легитимно, формализирано со одлуката на Советот за безбедност на ОН, а во овој случај тоа е отворен напад врз бизнисот“, рече тој.

„Да не заборавиме дека многу руски компании имаат големи британски компании како стратешки партнери, стратешки соинвеститори и акционери“, рече Песков, додавајќи дека Лондон „му се заканува, меѓу другото, и на својот голем бизнис“.

Тој нагласи дека „ова се многу вознемирувачки изјави кои ја поткопуваат инвестициската атрактивност и атрактивноста на Велика Британија како таква“.
Британскиот министер за надворешни работи Лиз Трас претходно изјави дека британските власти следната недела ќе ги прошират санкциите кон Русија поради ситуацијата околу Украина.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негираше обвинувањата на Западот и Украина за „агресивни дејствија“, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера никого да нападне, а изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за распоредување што повеќе воена опрема на НАТО руските граници.

Руското Министерство за надворешни работи претходно спомена дека изјавите на Западот за „руска агресија“ и можноста да му се помогне на Киев да се одбрани од неа се и смешни и опасни. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да загрижува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Москва е подготвена на преговори со…

Москва е подготвена за преговори за решавање…

Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…

Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…