„Русија не ни е непријател, Франција не смее да се меша во северноамериканските вoeни авантури“: Кандидатот за претседател на Франција бара нaпуштање на НАТО и поблиска соработка со Русија

Жан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија Бунтовничка Франција, која има намера повторно да се кандидира за претседател, ја повика Франција да се повлече од НАТО и да соработува поблиску со Русија, што според него ќе доведе до деескалација во сферата На меѓународни односи.
На последните претседателски избори во Франција, Меланшон во првиот круг освои повеќе од 19 отсто од гласовите. Годинава по трет пат може да учествува во претседателската трка.
„Јас сум за напуштање на НАТО. Потребна ни е деескалација“, напиша Меланшон на Твитер.
Одделно, говорејќи за радиото Франс Интер, политичарот рече дека напуштањето на НАТО ќе и овозможи на Франција да не се меша во северноамериканските воени авантури.
„Русија е партнер. Не се согласувам да ја направам непријател. Не се согласувам да го погазам зборот кој им го дадовме на руските лидери – кога им беше кажано дека распадот на Варшавскиот пакт и советскиот блок нема да доведе до приближување на НАТО до границите на Русија…“, нагласи тој во интервјуто, пренесе Новости.
Меланшон изјави и дека Русија почувствувала закана по влезот на земјите од поранешниот СССР во НАТО. Од истата причина, тој смета дека Украина не треба да се приклучи на алијансата.
„Деескалацијата треба да стане основа на политичкиот курс“, рече Меланшон. Тој истакнува и дека се противи на новата студена војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…
НАТО има витален ангажман за заштита на…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…