Русија прифаќа средба Путин-Зеленски, но само под еден услов
Москва ја условува можната директна средба меѓу украинскиот и рускиот претседател со патување на Володимир Зеленски во руската престолнина, објави „Kyiv Independent“.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека доколку украинскиот лидер сака разговор лице в лице со Владимир Путин, тоа треба да се случи во Москва, при што, како што нагласи, руската страна е подготвена да му гарантира безбедност и соодветни услови за работа.
Оваа позиција доаѓа откако Зеленски јавно изрази подготвеност за директен дијалог со Путин за, како што посочи, две клучни теми во евентуалниот мировен процес – прашањето за територијално решение и статусот на нуклеарната централа Запорижја, која моментално е под руска окупација.
Во меѓувреме, дипломатските активности продолжуваат. Следната рунда разговори, во кои треба да учествуваат претставници на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, се очекува да се одржи на 1 февруари.
Висок американски функционер оцени дека директна средба меѓу Зеленски и Путин, евентуално со вклучување и на Доналд Трамп, „не е невозможна“.
Искуството од изминатите години, сепак, покажува дека обидите за директни разговори често завршувале без резултат, при што Москва во повеќе наврати наоѓала причини за нивно одложување.
Последната лична средба меѓу Зеленски и Путин се одржа во декември 2019 година во Париз, во рамките на Нормандискиот формат. По почетокот на целосната руска инвазија врз Украина во февруари 2022 година, вакви директни средби не се одржале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија прифаќа средба Путин-Зеленски, но само под…
Москва ја условува можната директна средба меѓу…
Фицо бил шокиран од менталната состојба на…
Словачкиот премиер Роберт Фицо им кажал на…
Црна Гора ризикува недостиг од гориво поради…
Црна Гора ризикува да се соочи со…
Рубио: САД сакаат промена на режимот во…
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, не…
Meџити: „Со тек на време сите ќе…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити вечерва…