Русија провоцира: Според Лавров Столтенберг нема допир со реалноста

„Знаете, одамна не размислував за неговите изјави. Според мене, тој веќе изгуби контакт со реалноста“.
Вака Лавров ги коментираше зборовите на генералниот секретар на Алијансата дека военото присуство на НАТО на источното крило може да се зголеми.
Коментирајќи го потенцијалното воведување нови санкции против Москва, министерот изјави дека Западот е во воена треска.
„Тие само велат: Ќе те казниме ако нападнеш. Ги читате сите тие хистерични формулации во кои Западот го формулира својот став“, им рече Лавров на новинарите.
Тој посочи дека Русија е подготвена на сигурен начин да ги заштити своите интереси и безбедност.
Шефот на руската дипломатија го најави доаѓањето на неговата британска колешка Лиз Трас во Москва во следните две недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
(Видео) НАТО во кое Македонија членува ни…
НАТО во кое Македонија членува не го…
Да не се повтори: На денешен ден…
На денешен ден пред 24 години почнаа…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…