Објавено на:

Русија протера 15 холандски и неодреден број белгиски дипломати

t

Русија денеска протера 15 холандски и неодреден број белгиски дипломати, прогласувајќи ги „персона нон грата”, јави агенцијата Анадолија.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Санкт Петербург. Дипломатите имаат рок од два дена да ја напуштат Русија.

„Овој чекор е преземен како одговор на протерувањето од 29 март на 18 вработени во руската амбасада во Хаг, руската трговска мисија во Амстердам и руската мисија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) соопшти Министерството.

Во соопштението се додава дека Холандија не може да ги злоупотребува своите права и привилегии како земја домаќин на OPCW и дека Хаг мора строго да се придржува до Договорот од 1997 година за седиштето на OPCW.

Во посебно соопштение Министерството соопшти дека го повикале белгискиот амбасадор Марк Микилсен и го информирале за протерувањето белгиски дипломати од Москва, кои мора да заминат до 4 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Белгија планира да испрати затвореници во Косово

Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…