Русија: САД да не се мешаат во Иран, може да има неконтролирани последици

Русија ги предупредува САД да не се мешаат во воените дејствија против Иран, бидејќи тоа би можело да има неконтролирани последици, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа го нарече нападот на Израел врз Иран неиспровоцирана агресија што ја крши Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право.
„Ова е криминална авантура што би можела да има последици за регионалната и глобалната безбедност. Обидите да се оправда со загриженост за неширење на нуклеарно оружје се чист цинизам“, рече таа на брифинг за медиумите на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Таа нагласи дека нападите врз иранските нуклеарни постројки се апсолутно неприфатливи за Русија и дека ова го турка светот кон нуклеарна катастрофа чии последици ќе се почувствуваат насекаде, вклучително и во Израел.
„Она што е најважно денес е да се спречи понатамошна ескалација на насилството, да се постигне прекин на огнот и да се воспостави мир, што ќе создаде услови за враќање на ситуацијата на преговарачка патека. Ние сме подготвени да придонесеме за ова на секој начин и преземаме политички и дипломатски напори во таа насока“, рече Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…