Објавено на:

РУСИЈА СОЛИДАРНА СО КИНА: Ненси Пелоси си игра со оган, нејзината посета на Тајван е чиста провокација

t

Москва ја смета потенцијалната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван за „чисто провокативен чин“ што придонесува за и онака високите тензии во регионот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција.

Песков рече дека иако „не можеме со сигурност да кажеме“ дали Пелоси ќе слета во Тајван или не, нејзината турнеја низ регионот и можна посета на Тајпеј „ја провоцира ситуацијата“ и „води до тензии“.

– Тоа го гледаме, сите земји во светот го бележат. Тука сме апсолутно солидарни со Кина. Нејзината чувствителност по ова прашање е разбирлива. Тоа е оправдано. И наместо да го почитуваат ова, САД го избираат патот на конфронтација. Тоа не навестува добро – рече портпаролот на Кремљ, додавајќи дека одлуката на Вашингтон е „само за жалење“.

Песков, исто така, истакна дека во случај да избие воен конфликт како резултат на тековните тензии меѓу Кина и САД околу Тајван, границите на Русија ќе бидат обезбедени од руската војска.

– Без оглед на појавата на некои провокативни ситуации, безбедноста на нашите граници по целиот периметар на овие граници ја обезбедуваат вооружените сили на Руската Федерација – рече Песков.

Говорејќи за можната посета на Ненси Пелоси, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, предупреди дека „ако си играте со оган, ќе изгорите“.

– Верувам дека САД се целосно свесни за силните и јасна порака од Кина, остар беше Песков.

Ако Пелоси „се осмели“ да отпатува во Тајван, Кина нема да седи со скрстени раце и ќе преземе „решителни и силни контрамерки“ за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, рече Лиџијан.

Тајван, се самоуправува од 1949 година, но никогаш официјално не прогласил независност од Пекинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…