Русија со предлог за Украина: Утре да се организираат хуманитарни коридори од Мариопол – претставниците на ОБСЕ, ОН и Црвен Крст да ја следат ситуацијата на терен

Со цел да се спасат цивилите, Министерството за одбрана на Русија најавува отворање на хуманитарни коридори од Мариопол на 21 март во 10 часот, во источниот и западниот правец (според договорот со Киев).
Од 10 до 12 часот се предлага да се организира заминување на украинските воени и странски платеници од градот без оружје (во овој случај гарантирано спасуваат животи).
Потоа хуманитарните конвои треба да поминат низ градот и да ги евакуираат цивилите.
Поканети се претставници на ОН, ОБСЕ, Црвениот крст да ја следат оваа хуманитарна операција „на терен“.
Министерството за одбрана го повикува Киев да биде внимателен и да ги откаже претходно издадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат.
Министерството за одбрана инсистира да добие писмен одговор од Киев пред 5 часот наутро за предлозите дадени за Мариупол. – соопштуваат од руското Министерство за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…